Децата на Фунакоши Гичин освоија 8 медали на Државното карате првенство (ФОТО)

Екипата на Фунакоши Гичин на Државното првенство во карате за деца изминатиов викенд во Квадарци освои 8 медали – 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

На Државното првенство кое е изборно за Балканското во Блеград на крајот на месецот учествуаа 311 каратисти од 49 клуба.

Златните медали ги освоија Мерис Зверотиќ во кати родени 2005 година и ката тимот машки 12-13 години (Зверотик, Пешков, Стојановски).

Сребрени: Лео Миновски и Пешков Андре во кати родени 2006 и 2005 година.

Бронзени: Марија Петрушевска – кати 2006, Андреј Стојановски – кати 2005, Зоја Феди – кати 2005 и ката тим жени 12-13 години (Петрушевска, Томческа, Феди).

Ова е успех за Фунакоши Гичин затоа што максимално го искористија потенцијалот на натпреварувачите.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО