Дербито меѓу Барбара Стојкоска и Бојана Лазаревска заврши со победа на борачката од Прилеп

Вчера во Скопје се одржа Изборното  првенство за кадети и кадетки на кое во женска конкуренција немаше доволно натпреварувачки, најмалку три, за да се натпреваруваат по категории, вкупно имало пријавено 10 девојки, па поради тоа е направено спојување на категориите.

Заради ова се формирани три категории во кои имало разлика и до 8 килограми.

Сепак, една борба предизвика посебно внимание, а тоа е меѓу Бојана Лазаревска и Барбара Стојкоска во категоријата до 65 килограми, која беше дерби во женска конкуренција. Победата и припадна на борачката од Прилеп од 7 Мај Леов.

Така, во женска конкуренција добиваме ривалитет, но се надеваме на наредните натпрварувања ќе има капацитет за сите категории, за да не се спојуваат категориите.

На Изборното првенство за кадети и кадетки настапија 140 натпреварувачи од 17 клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON