Падна договор, големиот Хорхе Рубио ќе го тренира Гого Славески

Македонскиот професионален боксер Горјан – Гого Славески (5-1) кариерата ја продолжува со со еден од најдобрите тренере во светот на боксот Кубанецот Хорхе Рубио.

Изјави Славески за Ипон.мк, при што нагласи дека договорот паднал деновиве, а деталите ќе бидат увтврдени деновиве. Славески и Рубио имаат големи планови, првата голема работа треба да се случи во март.

Гого наскоро ќе се пресели во Мајами, каде што ќе тренира со Рубио.

Инаку, Рубио е тренер на Дејвид Хеј, а ги тренирал и Лук Кембел, Амир Хан и бил селектор на кубанската репрезентација.   

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО