Дејвид Хеј против „албанската Кобра“ (ВИДЕО)

Dejvid Hej vo trenerka nadvor

Дејвид Хеј на денешната прес-конференција го објави името на противникот за борбата во О2 арената во Лондон на 21 мај.

„Хејмејкер“ ќе се бори со непоразениот косовски Албанец, Арнолд Џерџај (29-0, 21 КО).

Hej i Arnold Gjergaj

Боксерот (31г.) кој живее во Швајцарија и е наречен „Кобра“ во последната борба во декември минатата година со технички нокаут во првата рунда го победи Марин Голеш. Има победи против Аднан Реџовиќ и Денис Бахтов. Џерџај во последниот меч влезе со 112 килограми, а во кариерата има 21победа со нокаут. Беше спаринг партнер и на Тајсон Фјури и на Владимир Кличко.

Хеј (35 г.) во јануари во Лондон, се врати во рингот по повеќе од три години пауза и пред 16.000 гледачи во првата рунда го нокуатираше Марк де Мори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО