Дана Вајт: Не го праќам Дијаз на колење против Чимаев

Дaна Вајт не се согласува со испраќање на Нејт Дијаз на колење во борбата со Хамзат Чимаев.

Борбата меѓу Чимаев и Дијаз ќе биде насловна на УФЦ 279. Турнирот треба да се одржи на 10 септември во Т-Мобиле aрената во Лас Вегас, САД. По оваа борба Нејт ќе стане слободен агент и не планира да потпише нов договор со организацијата.

Дијаз е огромен аутсајдер против непобедливата чеченска ѕвезда. И додека многумина веруваат дека Вајат го казнува Нејт со оваа борба, Дaна не се согласува.

„Знаев дека ќе биде борба што ќе ги возбуди луѓето. Можете ли да замислите каква енергија ќе има кога тие двајца ќе излезат во кафез. Ќе биде лудо. Не знам што ќе се случи со Нејт. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Разговаравме со него. Тој е со нас многу години и ми се допаѓа. Му реков дека треба да прави што и да одлучи. Не ми кажа што сака да прави. Неговото расположение постојано се менува.

Еден момент ги сака сите, а во следниот сака да биде ослободен од УФЦ и моча позади нашиот институт. Не знаете што да очекувате од ова дете. Луѓето кои велат дека го испраќаме Нејт на колење не читаат што вели тој.

Дијаз рече дека ја сака борбата со Чимаев. Нејт сакаше да се бори со Френсис Нгану. Ако сакав да го испратам на колење, тогаш ќе го спротиставев на Нгану“, изјави Вајт за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО