Дејан Стефаноски на 12 март во Германија ќе настапи на најсилен ММА настан

Dejan Stefanoski vo Germnaija na 12 mart

Дејан Стефаноски на 12 март ќе настапи на досега најсилниот настан Топ тен чемпионс (TTC) во Херне, Германија, против германско-индонезискиот борец Рохел Гумулјо.

Гумулјо е од Тим Уве Гебкес и Хеверено Кесел, кој се плаши од непоразениот противник и сакаат да не се повтори Ајндховен.

Од друга страна, за Стефаноски се вели дека е македонски супер талент кој сака да настапи на УФЦ Загреб и дека е од калибарот Штевен Кнуде. И дека Ване Воденски, таткото на Кристијан Воденски, од германскиот тим ММА Спирит, го гледа како дијамант. Стефаноски досега има три борби и три победи.

Германците се прашуваат дали Дејан ќе го одржи ветувањето да го нокаутира Рохел во првата рунда или Гумулјо ќе се врати на победничките патеки без да оди во втората рунда на традиционален начин.

Нашиот ММА борец ќе добие бонус хонорар ако го совлада противникот со нокаут во првата рунда.

Најзаслужен за овој настап на Стефаноски е Ване Воденски, кој исто така се занимава со ММА и е тренер на Кристијан, кој настапува во повеќе боречки спортови и прито ареди успех до успех.

На Стефаноски организаторот му ги покрива сите патни трошоци, и ќе добие хонорар за борбата, кој зависи од тоа дали ќе го добие или изгуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО