Дејан Митров е подготвен за освојување на титулата

Дејан Митров ги заврши напорните подготовки за Државното првенство во борење кое идната недела се одржува во Велес.

Митров најваува успешно враќање и на боречката сцена и во репрезентацијата за да ја круниса боречата кариера со вреден успех на меѓународната сцена. Тој напорно се подготвуваше во матичниот клуб Балканец од Штип со клупските другари и тренерите Дејан и Виктор Богданови.

Како увертира за Држваното првенство, настапи на пеливанскиот турнир во Чалакли кај Валандово и супериорно го освои првото место и покажа дека е еден од најатрактивните борачи-пелвани. Ова беше негов прв настап по операцијата на раката.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО