УФЦ им ги враќа парите на фановите поради Андерсон Силва

УФЦ ќе им ги врати парите на оние гледачи кои сакаат да се откажат од билети за УФЦ 212 во Рио де Жанеиро на 3 јуни.

Причина за тоа е повлекувањето на Андерсон Силва од борбената листа на настанот.

Бразилецот остана без противник по казната на Клевин Гаштелум. Спајдерот изрази подготвеност да се бори со Јоел Ромеро за привремената титула во средна категорија, но таква шанса не му дадоа.

Како резултат на тоа, Силва го распушти кампот и се откажа од настанот.

УФЦ во официјалното соопштение истакна дека се обиделе да најдат нов противник на Силва, но не успеале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО