Миочиќ: Не е лесно да ме налутите, единствено жена ми знае како се парви тоа! (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ вчера имаше јавен тренинг кој беше можност новинарите уште малку да го „притснат“ во пресрет на УФЦ 211, кој ќе се одржи овој викенд во Далас.

УФЦ шампионот очекувано беше стрплив и одговораше прашање по прашање, без оглед на она што поголемиот дел од одговорите веќе ги слушнавме …

„Многу е тешко да ме налутите, јас сум едноставен човек. Единствено жена ми може да ме налути. Точно знае што да направи за да ме налути. Го сакам тоа што го правам, ми се допаѓа да се борам“, рече меѓу другото Миочиќ (на шега) кои не планира да го помине истото сценарио со Жуниор дош Сантос како првиот пат.

„Не сакам повторно преку тој колеж. Сакам да си ја играм мојата игра. Воопшто не е забавно да се биде внатре пет рунди, но јас ќе бидам тој што ќе победи и ќе го има и понатаму појасот во сопственост“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО