Дејан Георгиевски по бодови за олимписка норма напрвиот Г1 турнир во нашата земја „Скопје опен“

Скопје на 8 и 9 април е домаќин на првиот Г1 Интернационалниот таеквондо турнир во нашата земја – „Скопје опен 2023“, што ќе се одржи во СРЦ „Јане Сандански“.

Г1 турнирот носи бодови за остварување олимписка норма.

Од МТФ повикуваат фановите да дојдат во поголем број особено на 9 април (недела) со почеток од 09.00 часот кога нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски (+87 кг) кој собира бодови за учество на следните Летни олимписки игри 2024 Париз.

Георгиевски ќе се бори за нови олимписки бодови против елитни борци од Јордан, Турција, Кина, Хрватска, Грција.

На овој турнир ќе има голем број олимписки, светски и континентални медалисти од целиот свет, генерално станува збор за елитно олимписко натпреварување кое е вистинска реткост во нашата земја.

Покрај Георгиевски, во сениорска конкуренција ќе настапат и Анамарија Георгиевска, Филип Додевски, Филип Стаменов, Фросина Рајковска, Иво Сандев, Мила Рељиќ и Сања Попоска.

Во јуниорска конкуренција ќе настапат Андреј Василевски, Дамјан Рајковски, Дарко Ѓорѓиев, Давид Божиновски, Филип Блажевски, Христијан Симоновски, Лука Ангелов и Сара Рамадановска Јовановска, а во кадетска конкуренција Антонио Негријевски, Дамјан Василевски и Стефан Димовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО