Деца го напаѓаа Френсис Нагну (ВИДЕО)

Френсис Нгану, шампион во тешка категорија на УФЦ, беше нападнат од деца … Камерунецот се бореше со деца во татковината. Џибрил и Дупринс (двете деца кои се бореа со Нагану) се дел од академијата на шампионот во Бати, Камерун. Секако, сè беше во пријателски дух и го гарантираше доброто расположение на сите.

Во меѓувреме, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека се подготвува реванш меѓу Нгану и Дерек Луис.

Потсетуваме, Френсис Нгану ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ, брутално нокаутирајќи го поранешниот шампион Стипе Миочиќ во главната пресметка на УФЦ 260 што се одржа кон крајот на март.

Африканецот е во сраотна форма, откако ги победи последните 5 натпревари во УФЦ со нокаут. Пред нокаутот против Миочиќ на почетокот на втората рунда, Камерунецот ги совлада Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигната за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на „Предаторот“ е 16 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи ги постигна пред последниот удар во гонгот (12 со нокаут и 4 со принуда).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО