Де ла Хоја го нападна Канело: Се прави погрешно

Се чини дека отуѓувањето меѓу Сол Алварез и Оскар де ла Хоја станува се поголемо.

Откако во април мексиканската суперѕвезда го обвини својот поранешен промотор дека се обидел да му ја саботира кариерата и постојаната употреба на алкохол, сега е редот на „Голден бој“ да одговори.

„Ви се молам, таа девојка се прави погрешно“, рече претседателот на промоторот на „Голден бој“, каде Алварез беше активен до минатата година.

„Погледнете како задава крошеа – стапалата на подот, главата горе и никогаш на прстите. И да, тој избегнува да се бори против Жармел Шарло“, додаде Де ла Хоја.

Војната меѓу поранешниот повеќекратен светски шампион и Канело почна минатата година, кога црвенокосиот боксер ги осуди ДАЗН и Голден бој за саботажа во кариерата. Навивачите не беа задоволни од недостатокот на соодветни противници, а по нивната разделба Алварез се бореше три пати за половина година – победи над Калум Смит, Ивни Јилдирим и Били Џо Сандерс.

Жармел Шарло е шампион на ВБЦ во средна категорија и повеќепати изрази подготвеност да се бори со Алварез, но од една или друга причина, ваквиот меч не е на повидок.

Одговорот на светскиот шампион во 4 различни категории не доцнеше и беше повеќе од краток:

„Оскар, направи ми една услуга и оди е*и се“, напиша Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО