Владимир Трпаноски е на Конгрес на Светската џудо федерација

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, учествува на изборниот конгрес на Светската џудо федерација во Будимпешта, на кој денес ќе биде избран новиот претседател на ИЏФ.

„Од свое лично име и од името на Џудо федерацијата, доцна синоќа претседателот Трпаноски му го честиташе изборот на Влад Маринеску, кој на вчерашниот состанок на Извршниот комитет беше назначен за нов генерален директор на Светската џудо федерацијата“, велат од ЏФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО