Дебито на Пејџ ван Зант во бокс без ракавици

Поранешната УФЦ натпреварувачка Пејџ ван Зант нема да дебитира во бокс без ракавици во 2020 година.

Русокосата девојка потпиша со Bare Knuckle Fighting Championship на почетокот на оваа година и требаше во ноември да дебитира во рингот, но според mmafighting.com, тоа нема да се случи.

Странските медиуми тврдат дека Ван Зант ќе дебитира за БКФЦ во февруари 20201 година. Противничката сè уште не е објавена. Во УФЦ кариерата, Ван Зант ги победи Фелис Хериг, Рејчел Остович и Бек Ролингс, која е актуелна шампионка во БКФЦ.

На истата гала вечер на која се очекува да се бори Ван Зант, поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија во УФЦ, Тијаго Алевеш треба да се сретне со ветеранот во ММА, Фил Барони. Вториот се повлече од закажаната битка со Алвеш во септември, но беше заменет со Џулијан Лејн.

БКФЦ сè уште планира гала вечер на 13 ноември во Флорида, со две борби за титулата на настанот – Гилм Алерс против Луис Лапомино за титулата во лесна категорија и Џонди Бедфорд против Дат Нгуен за шампион во петел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО