Де ла Хоја: Канело ќе сака трета средба со Головкин

Првиот човек на „Голден бој“, Оскар де ла Хоја, рече дека Канело Алварез (50-1-2, 34 КО) ќе може да избере дали да има трет меч со Генади Головкин (38-1-1, 34 КО).

Минатиот месец, Канело го победи ГГГ во Лас Вегас и ги освои титулите во средна категорија на ВБЦ и ВБА.

На крајот од Конвенцијата на ВБЦ во Киев, претставникот на Голден бој изјави дека има намера да разговара со Канело, Еди и Чепо Рејонсо за следниот чекор, а ќе разговараат и за телевизија, која ќе ги пренесува настаните.

Де ла Хоја, сепак, рече дека не бил посебно фокусиран на трилогијата со Головкин.

Со неговата изјава нагласи дека Канело би можел повторно да се бори на 15 декември. Одлуката да се бара нов медиумски партнер дојде откако ХБО се откажа од боксот.

„Тоа беше една неверојатна средба. Не негирам дека ќе има трета – публиката ја заслужува, но да видиме дали Канело ќе му даде шанса“.

„Зборував со Том Лоефлер и, искрено, во моментов не мислам многу за реваншот со Головкин. Имам други планови за Канело. Следната недела ќе зборуваме за тоа што му претстои“.

Ако Канело одлучи да се бори во декември, Де ла Хоја средил борбата да се одржи во Њујорк.

Стана јасно дека Канело ќе добие сосема нов ВБЦ појас на 15 октомври во Мексико Сити, кој ќе ја демонстрира неговата шампионска позиција во средна категорија.

„Канело и Мексико го заслужуваат. Канело застанува на страната на Мексико и ние, како Американци, се гордееме со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО