ДЦ: Каин беше број 1 кога беше здрав. Прашајте го Хабиб

Даниел Кормиер зборуваше многу за поранешната ѕвезда на УФЦ Каин Веласкез, иако неговите денови во октагонот завршија. Според него, тој бил најголемиот борец, но повредите му ја одзеле брилијантноста.

„Никој не сакаше проблеми со Каин Веласкез. Кога овој човек беше здрав и фит, верувам дека тој беше врвниот борец. Прашајте го Хабиб или кој било што ќе го одберете кој го видел како тренира во теретана кога е фит и добро. Никој не беше како Каин“, изјави ДЦ (ДК) за ММА Фајтинг.

Поранешниот шампион во тешка категорија ја заврши натпреварувачката кариера во 2019 година кога беше нокаутиран од Френсис Нгану за помалку од 30 секунди. Очигледно, тој тогаш сфатил дека неговото време во ММА е завршено и дека треба да направи место за помладите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО