Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ не освоија медал на Светското првенство, но нивните борби се гордост за сите (ВИДЕО)

За дебитантскиот настап на Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ на Светското таеквондо првенство на ИТФ од 24до 30 август 2019 во Пловдив, Бугарија, селекторот Марјанчо Лазаревски вели ддека слободно може да се пофалиме и да се гордееме што имаме врвни натпреварувачи кои даваат се од себе да ја претставуваат нашата држава во најдобро светло и се трудат да постигнат што подобар успех.

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski.94/videos/130435671572209/

„Како од дебитанти не очекував некој значаен успех. Целта на ова Светско првенство беше да ја почувствуваат атмосферата во спортската сала и да им биде како тренинг за наредните светски и европски првенства, а воедно отидовме и во знак на благодарност на Бугарската федерација, која на нашиот турнир на 22 јуни донесе околу 150 натпреварувачи. И тоа најдобрите, што ни дојде како пробен тест на нашите натпреварувачи. Сакам да им се заблагодарам лично на Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ, што направија да се гордеаме со нив. Покажаа извонредна пожртвуваност и техника, при што зададоа неколку нокдауни, кои влегоа без трема, иако за противници и се паднаа репрезентативци од најјаките федерации, но за жал во четвртфиналните борби за медал загубија од судиите кои и овај пат покажаа пристрасност кон големите федерации. Иако без медал се чувствуваме исто како да сме освоиле, гледајќи ги на подот натпреварувачите од Чешка, Русија, Ирска , Естонија пред нашите херои“, вели Лазаревски..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО