Откако го победи Хјуи Поветкин е подготвен и за Тајсон Фјури

По убедливата победа против Хјуи Фјури, Александар Поветкин е подготвен за неговиот братучед Тајсон.

40-годишниот Русин (35-2, 24 КО) во воведниот дел на Ломаченко – Кембел во Лондон го порази 24-годишниот Британец со убедлива едногласна одлука.

„Многу сум задоволен од мојата изведба. Работевме напорно на камп-тренингот и со агресивност успеав да ја контролирам борбата“, рече поранешниот шампион на ВБА.

Откако се соочи со критики за изборот на неговиот следен противник за борбата во септември, Ото Валин, Тајсон Фјури тврди дека тој испратил понуди до бројни ривали, вклучувајќи ги Поветкин и Кубрат Пулев, но дека тие ја одбиле понудата.

Поветкин веднаш стави до знаење дека станува збор за лага.

„Многу зборуваше за тоа како ги одбивав понудите за борба со него, но тие понуди никогаш не се испратени. Приказната дека тој сака да се бори во Англија до крајот на годината, а тоа е совршен план за мене. Радо би се вратил назад уште еднаш и да се борам пред овие големи фанови и да им докажам на нив и на остатокот од светот дека можат да го победам Тајсон Фјури“, вели Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО