Дацик нападнал бордел и ги избркал проститутките голи да шетаа на улица (ВИДЕО)

Vjaceslav Dacik

Само што беше пуштен од затвор Вјачеслав Дацик заврши во притвор.

Контроверзниот 36-годишниот борец направи препад во бордел во Санкт Петербург и ги нападна проститутките.

Русинот во моментов тежи повеќе од 130 килограми. Тој излезе од комбето на некој пријател, се развика и почна да создава хаос.

Дацик полета во борделот, кој се наоѓа во голем стан и го започнал процесот на „прочистување“. Додека се дерел простачки ги собрал девојките од секоја соба, некои ги влечел за косата. Некои од нив биле тепани, а макроата исто така добиле ќотек и им се заканувал со смрт.

„Ебени курви. Ги заразија со ХИВ последните белци на нашата нација. Целата земја ќе ве гледа. Што се однесува за макроата, на нив ќе им го свиткаме вратот. Руси! Ако знаете каде јавната куќа повикајте полиција и кажете им да ги приведат“, виквал во камерата на мобилниот телефон на својот пријател.

Тогаш и наредил да се соблечат и исфрлил 11 девојки на улица и ги принудил да одат.

Полицијата го уапсила по вториот напад. Вчера со своите пријатели се обидел да влезе во друг бордел во Санкт Петербург, претставувајќи се како клиент. Кога се обиделе да направата препад ги совладало обезбедувањето.

Дацик има поминато многу време во затворите и психијатриските институции. Во 2010 година избегал од еден и илегално влегол во Норвешка. Оттаму е екстрадиран во Русија и повторно завршува во затвор поради врските со неонацистите.

Пуштен е во март 2016 година. Според веб-страницата Lenta.ru ќе биде обвинет за хулиганство и уништување на имот.

https://youtu.be/_ESUubKu2Ec

https://youtu.be/8JriU0Ks0kY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО