Дастин Пориер нема да прави четврта борба со Конор Мек Грегор

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Дастин Пориер, изјави дека моментално има 83 килограми. „Дијамантот“ нема извесност за својата иднина, а веројатната борба со Нејт Дијаз се уште е далеку од финализирање.

Во последните два месеци продолжија да се предизвикуваат еден со друг. Дана Вајт им даде зелено светло, но се чини дека работите тргнаа наопаку. На социјалните мрежи Пориер одговараше на прашања од обожавателите.

Тој откри дека ако се бори со Дијаз, тогаш тој ќе стави крај на кариерата. Дастин, исто така, рече дека не гледа четврта битка со Мек Грегор.

„Моментално тежам 83 килограми. Во борба со Нејт Дијаз, ќе го завршам. Веројатно нема да има четврта борба меѓу мене и Конор Мек Грегор. Не знам што е следно за мене. Ќе видиме дали ќе се повлечам од ММА“, напиша Пориер.

Минатата година Дастин ја наполни својата банкарска сметка по две победи со  TKO над Конор Мек Грегор. Сепак, на крајот на годината Пориер не успеа да стане шампион во лесна категорија и беше поразен од Чарлс Оливеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО