Дарин Омерагиќ трет на Европското шотокан првенство во Истанбул! (ФОТО)

Darin na piedestal vo Turcija

Дарин Омерагиќ од КК Јошитака го постигна досега својот најголем успех, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата на натпреварувачи со 10-11 години  -38кг. Во неговата категорија настапија 31 натпреварувач од кои повеќето беа со врвна подготовка за вака квалитетен натпревар! Дарин со три победи и една изгубена борба во 4-то коло, го освои бронзениот медал на Европксото шотокан првенство во Истанбул! 

Darin omergaik za borba

Од 23-25 октомври Истанбул -Турција, во организација на Светската шотокан федерација, се одржа 7-то Европско шотокан првенство и Светскиот куп во шотокан карате! На првенството учество земаа повеке од 30-тина земји со нешто повеќе од  2300 натпреварувачи во кати и борби, индивидуално и екипно. Борбите на ова шотокан првенство се одржуваа по ВКФ правила и по правилата на Светската шотокан федерација до еден  ИПОН!

Darin vo borba

„Нашите натпреварувачи настапија во ВКФ натпреварите. Едвин Омерагиќ во доста изедначена борба во првото коло изгуби и не можеше да продолжи со натпреварите“, истакна тренерот на ШКК Јошитака и претседател на СШФ за Македонија,  шихан Живко Тасевски и додаде: „Се надевам дека на следните натпревари со ваков и повисок рејтинг  ќе дадат уште повеќе и ќе се искачат на самиот врв на пиедесталот. Им  честитам на спортистите за прикажаното и ни останува да продолжиме со напорната работа во сала, за да го покажеме нашиот вистински квалитет не само на шотокан натпреварите, туку и на ВКФ.

plasman na darin

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО