Даниел Кормиер ја ослободи титулата во полутешка категорија

УФЦ шампионот, Даниел Кормиер, вчера одлучи да ja ослобди титулата во полутешка категорија. Денеска Џон Џонс и Аленксадер Густафсон ќе се борат за неа, а ДК не сака УФЦ да му ја одземе, па затоа сам ја ослобди.

„Денес се ослободив од мојата титула во полутешка категорија. Нема да дозволам да ми ја одземат титулата што ја бранев три и пол години. За да ми ја одземат титулата, значи дека сум направил нешто погрешно, а ништо не сторив. Претпочитам да ја ослободам со подигната глава отколку да ми ја земат. Ја одбранив титулата оваа година, но има шанса за борба во тешка категорија и јас ја прифатив.

Се борев цели три пати оваа година и сум најактивниот шампион оваа година. Јас сум и борец на годината. Мојата историја и моето наследство нема да го вклучуваат одземањето на титулате и јас ја ослободувам. Може да ја имаат“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО