Даниел Кормиер: Дана ми даде 1 милион долари по поразот од Џон Џонс

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Даниел Кормиер сподели интересен факт за хонорарот по неговата прва борба против Џон Џонс.

Двајцата ММА горостаси првпат се соочија во 2015 година кога ДК го предизвика Боунс за титулата во полутешка категорија.

Членот на Куќата на славните се наврати на тој меч кога беше прашан дали платата во најкомерцијалниот ММА синџир е на ниво.

https://www.youtube.com/watch?v=362wSwbNvPs&feature=emb_title

„Мојот прв меч со Џонс беше во 2015 година. Дотогаш со релативна леснотија ги пробив сите мои противници. Меѓутоа, тоа не беше случај со Џон. Тој не удираше многу силно, но неговите удари беа нешто сосема друго.

„Зошто ви го кажувам ова? Во мојата прва борба со Џон добив само хонорар од 160.000 долари. Половина беа за да се појавам во салата, а другата половина беше од рекламни права и договори.

„Се сеќавам дека седев во соблекувалната по средбата и се прашував како бев во најголемата борба во историјата на спортот, а во џебот имав чек од 160.000 долари! Ден или два по мечот, Дана Вајт ми се јави и рече дека е горд на мојот настап и сака да ми даде милион долари!

Токму така. Ниту разговаравме ниту ништо. Парите ги добив веќе следниот ден. Можете да заработите многу пари во УФЦ се додека сте на вистинското ниво и работите напорно. Компанијата се грижи за своите борци се додека тие се грижат за себе“, додаде Кормиер, кој деновиве работи како аналитичар за ЕСПН и коментатор на некои гала вечери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО