Дана Вајт: Никогаш нема да има друг како Мек Грегор

Дана Вајт повторно зборуваше за негвата голема ѕвезда, при што замедиумите истакна дека никогаш нема да има некој како Конор Мек Грегор.

Тешко е да се поверува во она што „Озлогласениот“ го направи во ММА. Од човек кој земаше помош стна двоен шампион во најголемата ММА организација во светот и милионер. Малку се борците кои можат да си дозволат да не се борат и да разигруваат во УФЦ, но дефинитивно Конор е еден од нив и Вајт никогаш не ги штеди суперлативите на негова адреса.

„Постои само еден Конор Мек Грегор. Луѓето секогаш прашуваат за Конор Мек Грегор и сакаат да знаат дали ќе најдеме втор како него. Можам да ви кажам дека никогаш нема да има некој друг како Мек Грегор. Ќе има луѓе кои ќе се кренат и ќе станат ѕвезди, но на свој начин.

Но, многу луѓе гледаат дека е успешн и се обидува да го имитираат. Мислат дека ако го прават она што го прави тој и тие ќе станат како него, но тоа не е така. Никогаш повеќе нема да дадеме таква моќ на друг борец, како што направивме со Мек Грегор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО