Аикидо федерацијата доби шестмина нови аикидо мајстори во Битола (ФОТО)

Вчера во Битола се одржа полагање за масјторски појаси први дан во аикидо во организација на Аикидо федерацијата на Македонија и Будо центарот Пелистер, при што носители на црн појас станаа шестмина аикидсти.

За црн појас први дан положија:  Кирил Апостолов од КРА Нико од Кочани, Илија Танев од Маруи од Скопје, Филип Боегски од Кеико-Скопје, Борјан Тошевски – Кеико, Александар Лозановски – Пелситер од Битола, Дејан Митев, Станче Минов и Кирил Јованов – Нико.

Полагањето го водеше сенсеи Ѓуро Илиќ, а челнови беа сенсеи Дејан Чавков и гостинот во комисијата, воедно и претседател, сенсеи Ана Врачаревиќ, носител на мајсторски појас 9 дан. Таа го водеше и семинарот што се одржа истиот ден.

„Стекнувањето на нови детски данови и за возрасни -јуниори е потврда дека АФМ се движи во вистински правец и дека секојдневно, со систематска работа на најголемиот дел од  тренерирте, реалното аикидо во нашата држава чекори со голем чекори напред и наскоро треба да очекуваме значајни резултати на меѓународен план во реалното аикидо-форми“, изјави претседателот на Федерација Ѓуро Илиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО