Дана Вајт не го прифаќа предизвикот на Оскар де ла Хоја

УФЦ шефот, Дана Вајт, не го прифати предизвикот за бокс меч против легендарниот Оскар де ла Хоја.

Двајцата конкуренти во боречките спортски промоции ја продолжуваат жестоката расправија. Разменија вербални напади. Вајт го нарече Де ла Хоја наркоман, а олимпискиот шампион му понуди да ги решат проблемите во рингот, со тоа што е подготвен да му даде голема предност во однос на килограмите.

„Рече дека ќе ми го склоцагазот. Јавно сака да направи борба меѓу 50-годишници. Не ме чуди што сака да организира таква средба“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО