Дана Вајт: Мек Грегор може да прави што сака!

Се знае дека Конор Мек Грегор е најголемата ѕвезда на УФЦ и како таква ужива многу привилегии. Доста често „Озлогласениот“ изјави дека тој ги диктира работите и кажува што да прави со него организацијата. Многу од борците се плашат да зборуваат и да имаат претензии, но со него е поинаку. Тој го држи рекордот за најмногу платени гледања, а тоа е исклучително важно.

Дана Вајт одлучи да разговара со Брет Окамото пред УФЦ 238 овој викенд и ја допре оваа тема за својата најголема ѕвезда, која, според него, може да прави што сака.

„Што ви кажав пред борбата меѓу Мејведер и Мек Грегор? Потоа ви реков дека повеќе нема да се бори во УФЦ. Колку пати пати се бореше по таа средба? Во моментов, Конор се наоѓа во специфична позиција како борец. Имаеден куп пари. Неговиот бизнис со вискито му оди многу добро. Мек Грегор има можност да паузира, да ги гледа работите и да прави што сака.

Многу шпекулации се направени во последно време. Што се однесува до парите што борците ги добиваат од платените гледања, можам да кажам дека ќе ги добијат. Можете да ми верувате затоа што сме попаметни отколку што мислите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО