Извршниот директор на УФЦ, Дaна Вајт, направи огромен чекор во светот на боксот, откако официјално го објави создавањето на нова боксерска лига. Проектот е резултат на договорот помеѓу УФЦ и Саудиска Арабија, а во извршниот одбор се и промотерот Турки Алалших и претседателот на ВВЕ Ник Кан.
Новата организација ќе работи под знамето на ТКО груп холдинг – матичната компанија на УФЦ и ВВЕ, а целта е да му даде нов поттик на професионалниот бокс.
BOOOOOOM!!!!! Boxing here we come pic.twitter.com/XBRBT5mr3P
— danawhite (@danawhite) March 5, 2025
„Само што склучивме договор да започнеме нова боксерска лига со Турки кој го сака спортот бокс“, рече Вајт во видеото објавено на социјалните мрежи.
Алалших, исто така, го изрази ентузијазамот за партнерството: „Многу сум среќен денес. Му го давам боксерското знаме на кумот што може да се справи со тоа. Имаме тешка работа, но сигурен сум дека ќе им дадеме на навивачите одлична лига и ќе го вратиме боксот на врвот“.