По се, изгледа дека медиумската турнеја пред средбата меѓу Хозе Алдо и Конор Мек Грегор не е многу добра идеја.
Никого не го изненадува фактот дека тие двајцата не можат да се поднесат кога се гледаат очи в очи, а во меѓувреме од УФЦ си поставија задача да направат турнеја во 10 градови на САД за 12 дена.
Патиштата на Мек Грегор и на Алдо се крстосуваат секој ден, а тензиите, буквално, се разгоруваат за неколку минути. Изгледа стратегијата на Мек Грегор е да му влезе под кожата на шампионот и изгледа како да има почетни успеси.
А за Дана Вајт остануваат само срамот да не се повтори случката како меѓу Џон Џонс и Даниел Кормиер.