Двајцата вклучени во долгоочекуваниот боксерски меч викендов, Дерек Чисора и Александар Усик, се соочија на последната прес-конференција пред големата борба.
Тие покажаа почит еден кон друг и разговараат со добар тон, дури и разменијаа насмевка и прегратка. Нивното џентлменско однесување со насмевка го дочекаа и менаџерите Еди Херн и Дејвид Хеј, кои беа близу зад боксерите.
Непоразениот во професионалниот бокс Усик оваа сабота (31.10) ќе се сретне со првиот голем предизвик во тешка категорија, Дерек Чисора. Во моментов има 17 победи, од кои 13 ги заврши пред последниот удар во гонгот. Поискусниот во професионалниот ринг Чисора има 32 победи и 9 порази.