Дана Вајт: Имам чувство дека Хабиб ќе брка 30-0

Иако Хабиб Нурмагомедов се повлече по победата над Џастин Гејџи минатиот викенд, претседателот на УФЦ Дана Вајт изјави дека шампионот од Дагестан, сепак, може да се врати во кафезот.

„Сè уште не сум кажал на никој, но разговараме со Хабиб. Тој беше многу емотивен по борбата со Гејџи, но имам чувство дека ќе се обиде да ја оствари 30-та победа“, изјави шефот на УФЦ за „Зак Гелб шоуто“.

Хабиб беше категоричен во одлуката во кафезот, велејќи дека не може да продолжи да се бори без татко му до него. И покрај овие зборови, дури и неговиот сегашен тренер Хавиер Мендез во интервју по 254, изјави дека не е целосно сигурен во зборовите на Орелот.

„Мислам дека нема да се пензионира. Неговиот татко сакаше 30 победи и тој ќе го почитува тоа“, додаде Вајт.

Еден од потенцијалните ривали на Хабиб е легендарниот Жорж Сент Пјер. Канаѓанецот повеќе од еднаш изјави дека сака да се обиде против непоразениот Нурмагомедов. Ваквиот супер-меч е интересен за ЖСП токму затоа што Хабиб е толку доминантен во неговите битки.

„Ќе биде неверојатна можност да се борам против некој како Хабиб кој е непоразен. Можам прв да го победам“, изјави поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Сент Пјер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО