Чимаев: Нешто ќе се случи ако се сретнам со Мек Грегор во Абу Даби

Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев му се закани на Конор Мек Грегор.

26-годишниот Чеченец рече дека нешто ќе се случи доколку тие се сретнат во Абу Даби. Следниот месец ќе го видиме Чимаев во кафезот наспроти Леон Едвардс на островот Јас. Неколку дена подоцна, Конор Мек Грегор ќе се бори против Дастин Пориер во Абу Даби.

Речиси е сигурно дека тој и Чимаев ќе се сретнат некаде таму, а „Борз“ вели дека е подобро УФЦ да ја скрие нивната голема ѕвезда.

„Нешто дефинитивно ќе се случи ако се сретнеме со Конор Мек Грегор во Абу Даби. Од УФЦ подобро да го сокријат“, рече Чимаев за време на интервјуто на социјалните мрежи.

Пред неколку месеци, Хамзат рече дека влегол во авион и отишол во Ирска да го бара Мек Грегор и да го претепа, но бил уапсен и вратен во Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON