Конор Мек Грегор ги претрупа децата со подароци

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор ги претрупа своите децата со подароци за празниците.

32-годишниот Ирец има две деца, првото е машко Конор Јуниор, кој сега има скоро 4 години, а неговата ќерка Крој ќе има две години за неколку дена.

„Озлогласениот“ реши да ги остави малку тешките тренинзи за да ужива во празниците со семејството. Конор на својот профил на социјалните мрежи ги поздрави обожавателите и изјави дека има многу работи што едвај ги чека во 2021 година, а едно од нив ќе биде нивното трето дете со Ди Девлин, која е бремена.

Во својата следна објава, Мек Грегор им ги покажа играчките што ги купи на децата и напиша дека има виски со Дедо Мраз, кој е најдобар. Конор ќе го видиме во кафезот за помалку од еден месец во Абу Даби, каде ќе има реванш со Дастин Пориер во лесна категорија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО