Чимаев до Фрегусон: Главата горе, легенда си!

Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев го поддржа Тони Фергусон по тешкиот пораз.

Минатиот викенд во Аризона, Тони забележа еден од најтешките порази во кариерата. „Ел Кукуј“ беше нокаутиран од Мајкл Чендлер и влезе во серија од 4 последователни порази. Веднаш се шпекулираше дека УФЦ ќе се раздели со поранешниот привремен шампион во лесна категорија.

Дана Вајт го негираше ова, но тој често не се согласуваше со него. Допрва ќе видиме каква ќе биде судбината на американската ѕвезда. И додека Конор Мек Грегор се потсмеваше на Фергусон, Чимаев го поддржа.

„Тони Фергусон, глава горе! Ти веќе си легенда во овој спорт!“, напиша Чимаев на Твитер.

Нема сомнеж дека Фергусон е легенда во лесната категорија на ММА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО