Чифлиганец и Спасески во АСМ посакаа враќање на славните денови на борењето!

Cifliganec vo poseta na ASM

Претседател на Федерација за боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец, денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Спасески му честиташе за изборот на претседател на ФБСМ и му посака успех во работата, како и добра соработка со куќата на спортот. Двајцата соговорници разговараа околу тековната состојба во Федерацијата. За борењето како еден од најтрофејните спортови во Македонија, но и за следните настапи на нашите борачи на меѓунареден план.

Посебно внимание се обрна на настапот на нашите борачи на претстојното Светско првенство во Лас Вегас, САД, на кое ќе се бркаат олимписки норми за ЛОИ во Рио 2016.

– Борењето е спорт со богата традиција во Република Македонија и во таа насока ќе продолжи во континуитет да добива поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се надевам дека борењето како спорт ќе се врати на патеките каде што беше некогаш и дека времето кога резултатите на борачите беа на прво место на листите на спортски остварувања ќе стане сегашност,- истакна Спасески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО