Четворица борци си заминаа со бонуси од 50.000 долари од УФЦ 255

29

Четворица борци заминаа со по 50.000 долари побогати од УФЦ 255 што се одржа во Лас Вегас.

Првата борба на гала вечерта меѓу дебитантот Саша Палатников и Луис Коске беше избрана за борба на вечерта. Палатников успеа да победи со нокаут на крајот од третата рунда.

Хоакин Бакли и Антонина Шевченко земаа бонуси за изведба на вечерта. Сестрата на Валентина успеа да ја нокаутира Аријана Липски во втората рунда и да освои втор бонус во организацијата. Бакли, пак, импресионираше со нокаут над Рајт и собра втор последователен бонус оваа година.