Хабиб Нурмагомедов: Стигнав до врвот и нема пивеќе да се борам

Хабиб Нурмагомедов ќе остане во пензија, иако Дана Вајт силно верува во спротивното. 32-годишниот Дагестанец се сртена со политичари во родниот Дагестан и за медиумите изјави дека нема што повеќе да докажува. „Орелот“ ја исполни целта, а тоа беше да го достигне врвот.

Минатиот месец, тој го победи Џастин Гејџи и забележа скор 29-0 во ММА. Неколку дена подоцна, Нурмагомедов се најде на врвот на ранг-листата на УФЦ во П4П и стана број еден во светот. Непоразениот борец објави дека се повлекува од ММА, но се уште се појавуваат гласини за негово враќање.

Сепак, ова никогаш нема да запре и Хабиб го сфаќа тоа. Верува дека секогаш ќе му се суди за неговото враќање, но е категоричен дека такво нешто нема да има.

„Секогаш ќе има гласини за моето враќање во ММА. Дана Вајт и оние што го заменуваат секогаш ќе сакаат да се борам. Сè е во врска со парите, ставовите и интересот на медиумите. Сигурен сум дека ќе продолжат да ме прогонуваат. Завршувате една битка и навивачите веднаш почнуваат да зборуваат за следната.

Секогаш сакаат шоуто да продолжи. Не планирам да продолжам да се борам. Што ќе постигнам со уште една битка? Ќе се појави нов кандидат, кој е во серија од 7-8 победи. Друг борец со добро удирање. Ова е бесконечна приказна.

Можам да се борам до 40-45 години како Федор Емелијаненко, но ја постигнав својата цел, а тоа беше да го достигнам врвот. Со кого да се борам? Веќе ја завршив својата мисија. Секако, јас сум во топ форма и можам да заработам многу повеќе пари, но веќе имам други цели. Ќе заработам пари од други места“, изјави Хабиб за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО