Четири бронзи за ТК Борец на „Омега купот“ во Белград

Borec na Omega kup 2016

Четири бронзени медали освоија натпреварувачите на Таеквондо клубот Борец на Меѓународниот турнир „Омега куп“ во Белград-Србија. Сите медали се освоени во А-класа за црни појаси во кадетска и јуниорска конкуренција.

Бронзените медали ги освоија Ива Поповска, Симона Радевска, Дебора Брњарчевиќ и Ангел Бајовски. Поповска оствари победа над натпреварувачката од Србија од ТК „Галеб“, клубот на олимписката шампионка Милица Мандиќ.

„Ова им беа први борби на Радевска и Бајовски во јуниорска конкуренција. Покрај нив,одлични победи извојуваа и Христијан Цајкиќ и Ангела Живковска, додека на Александра Чакалиќ медалот и избега од раце во последната секунда, бидејќи доби удар кој и донесе три поени на противничката. Покрај медалите имавме и одлични борби и победи и на другите членови на клубот“, изјавија тренерите на ТК Борец, Марио Ацевски и Ангел Севдов.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО