Четири бонуси на УФЦ 239, а Џон Џонс со најголема заработка

Страотните нокаути ни ги претставија борците на настанот во Вегас. Ретко од УФЦ даваат четири бонуси, но овој пат беа заслужени. Хорхе Масвидал, Аманда Нунес, Јан Блахович и Јадонг Сонг постигнаа големи победи со тешки нокаути и се враќаат дома со по 50.000 долари бонуси изведба на вечерта.

Сепак, шампионот Џон Џонс има највисока загарантирана заработка на УФЦ 239.

Шампионот во полутешка категорија ќе добие 500.000 долари за борбата со Тијаго Сантос,  а Бразилецот 350.000, соопшти Спортската комисија на Невада.

Џонс беше подеднакво платен и за претходниот меч со Ентони Смит.

Аманда Нунес за одбраната на титулата доби 300.000 долари и уште 200.000 за победата. Поранешната шампионка заработи 300.000.

Поранешниот шампион на Стрикоферс во лесна категорија Гилберт Мелендез заработи 200.000 долари за борбата со Арнолд Ален  и 32.000 плус за победата.

Бен Аскрен заработи 210.000, а Хорхе Масвидал (100.000 + 100.000).

Лук Рокхолд 200.000 за да се бори со Јан Блахович (46.000 + 46.000) и за победата уште 150.000 долари.

Диего Санчез има 206.000 долари – за борбата и победата, а Михаел Кис 52.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО