Чендлер порача дека Гејџи прв ќе направи чекор назад

Најавени се две борби за појас на УФЦ 268 што ќе се одржи на 6 ноември во Њујорк. Спектаклот во Медисон сквер гарден ќе доведе до борба за титулата во средна категорија меѓу шампионите Камару Усман и Колби Ковингтон, додека во сламка категорија Роуз Намахунас ќе ја брани титулата во реванш мечот против Вејли Жанг.

Поранешниот шампион на Глори во средна и лесна категорија Алекс Переира ќе дебитира на мечот против Андреас Михаилидс.

Во програмата се вклучени поинтересни борби, а посебно внимание привлекува дуелот во лесна категоирја меѓу Мајкл Чендлер и Џастин Гејџи.

Нивниот судир гарантира жестока пресметка. Последната порака ја испрати Чендлер:

„Ветувам на сите, ќе нападнам без разлика на се. Тој ќе биде првиот што ќе направи чекор назад“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО