Чарлс Оливеира дели храна на сиромашните во Бразил

Чарлс Оливеира покажа големо срце и одвои пари за да купи храна и да им ја подели на сиромашните во неговиот роден Бразил. До Бронкс ги повика сите што имаат можност да го следат неговиот пример и да се грижат за оние кои се во тешкотии.

31-годишникот неодамна ја забележа најголемата победа во кариерата.

Тој го победи Тони Фергусон и влезе во серија од 8 последователни победи. Чарлс сериозно се крена со оваа победа и е еден од најзаслужните да добие шанса за титулата во лесна категорија. Оливеира е рекордер во победите на УФЦ и има 14.

„За време на оваа пандемија, знаеме дека некои семејства се во тешка состојба. Денес имав можност да донирам храна за луѓето во фавелата. Ако можете, ве молиме, помогнете им на оние на кои им е потребна помош.

Малите напори можат да имаат огромно влијание. Пробајте сами“, напиша Оливеира на социјалните мрежи.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО