Објавен официјалниот постер за УФЦ 257 (ФОТО)

УФЦ го објави официјалниот постер за гала вечерта на УФЦ 257, што ќе се одржи на 23 јануари во Абу Даби. Во главната битка ќе ја видиме големата ѕвезда Конор Мек Грегор. Тој ќе се бори во лесна категорија против стариот познаник Дастин Пориер.

Влогот е доста голем, бидејќи победникот во оваа битка ќе добие шанса за титула во лесна категорија.

Една недела пред настанот Хабиб Нурмагомедов ќе се сретне со Дана Вајт за да разговара за иднината на категоријата. Постои голема веројатност дека титулата ќе стане испразнета.

Ова е борбената карта досега:
Дастин Пориер – Конор Мек Грегор
Џесика Ај – Џоан Калдервуд
Халил Раунтри Jуниор – Марцин Прачнио
Марина Родригез – Аманда Рибас
Бред Таварес – Антонио Карлос Жуниор
Мет Фревола – Отман Азаитар
Шејн Бургос – Хаким Даводу
Ендру Санчез – Андре Муниз
Насрат Хакпараст – Арман Царукијан
Умар Нурмагомедов – Сергеј Морозов
Матеус Николау ???

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО