Адегбуи ги продава ракавиците со кои го нокаутира Бадр Хари

Бенџамин Адегбуи минатиот викенд успеа да ја забележи најголемата победа во кариерата. 35-годишниот Романец го нокаутира Бадр Хари во главната борба на Глори 76, што се одржа во Ротердам. Бени губеше на поени од Хари по две рунди и едвај го преживеа крајот на втората, откако Хари го испрати во тежок нокдаун. За негова среќа, Адегбуи се опорави и го победи Хари во третата рунда по два тешки нокдауни.

Адегбуи влезе во серија од две последователни победи и заработи нова шанса за титулата во тешка категорија. Очигледно Бени решил да ја искористи славата што ја стекнал максимално и најавил продажба на ракавиците што ги носел во битката.

Тој ги објави за продажба на социјалните мрежи, а 300 евра им е почетната цена. Понудите започнаа да доаѓаат во коментарите под објавата, а собраната сума ќе биде донирана во добротворни цели.

„Здраво пријатели! Решив да ги ставам на продажба раквиците со кои го добив мечот во саботата вечерта. Ова се раквиците што ми ја донесоа победата над Бадр Хари.

Во зависност од износот што ќе се собере тука, ќе изберам една или повеќе добротворни кампањи кои ќе имаат корист од оваа помош во овој период кога сите очекуваме подарок или убав гест!

Можете да наддавате за раквиците тука во коментарите. Сумата почнува од 300 евра. Заедно можеме да направиме среќни неколку семејства. Ве молам, сериозно сфатете го овој пост и да не се шегуваме на оваа тема!“, напиша Адегбуи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО