Чарлс Оливеира бара нова можност и меч против Ислам Махачев

Поранешниот шампион во лесна категорија Чарлс Оливеира дефинитивно сака што побрзо да ја заборави минатата година.

Прво, во пресрет на мечот против Џастин Гејџи го загуби појасот, бидејќи на мерењето ја надмина дозволената тежина, а потоа во октомври по 11 победи во низа загуби во борбата за титулата од Ислам Махачев.

Веќе во втората рунда Дагестанецот го принуди Бронкс да се предаде. Бразилскиот борец загуби со „принуда“, а Махачева стигна до тронот на лесна категорија на УФЦ.

Во едно неодамнешно интервју Оливеира повторно размислуваше за тој пораз.

„Со сета почит имав ужасни десет минути, но без разлика ништо не би менувал“, рече Чарлс Оливеира и додаде:

„Ќе се бориме пак, тоа е сигурно. Прво ќе се борам во април или мај и воопшто не е важно кој ќе биде противникот. Ако победам, тогаш е време за реванш против Ислам Махачев“.

Минатиот викенд УФЦ организираше настан во Бразил.

„Размислував да настапам на тој настан, а тие ми понудија борба. Но, решив да го прескокнам и подобро да се подготвам за мојот следен настап неколку месеци подоцна. А потоа на крајот на годината во Сао Паоло ќе се борам за шампионската титула“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО