Чаир ја потврди титулата во Првата лига, а со Баргала и Пинк Пантер во Штип ќе одлучуваат за онаа во Младинската лига

Петото коло на Првата и Младинската лига во бокс денеска во Скопје донесе зани мливи борби во кадетска и јуниорска конкуренција, додека во сениорска беа предвидливи резултатите и пред почетокот на борбите.

Кај кадетите една од поинтересните борби беше онаа до 66 килограми меѓу Кристијан Арсов (Јордан Мијалков) и Алпај Демиров (Баргала) кои прикажаа допадлив бокс со добри технички перформанси, а подобрата кондициона подготвеност на штипскиот боксер му ја однесе победата.

Јуниорите -60 кг Шпенд Гафури (Чаир) и Оран Шакировски (Пинк Пантер) ги отворија борбите во оваа конкуренција. Гафури ги користеше висината и подолгите раце и диктираше борба од дистнаца со правовремени еден-два удари, додека Шакировски наметнуваше тактика од близу со серија од неколку удари. Ова на оран во првите две рунди му пројде неколку пати, а во третата Гафури тргна во напад, но Шакировски ја користеше подвижноста и избегнуваше директни дуели, но затоа не заборави да направи и некоја атракција со движењата за публиката. Чаирчани не беа задоволни од судиската одлука.

Никола Бубевски (81 кг) на кондиција го доби Даниел Абаз со чисти удари. Абаз знаел да прикаже и многу подобри борби.

Октај Фератов од Борец сериозно се наметнува, бидејќи борби ги завршува со прекин, демонстрирајќи добар бокс со силни и прецизни удари.

Љуљзим Исмаили, Алим Насуфи, Димитар Јованоски и Синан Џеладин не дозволија изненадувања.

Кај сенироите веќе се е јасно – Чаир е шампион во Првата лига на Македонија, додека во Младинската чаирчани водат со еден бод пред Баргала и Пинк Пантер, така што последното 6.коло во Штип ќе донесе големи возбудувања.

Кадети
-57 кг Ѓоше Ѓошев (Пинк Пантер) – Лука Филиповиќ (Лав Куманово) 3-0
-63 кг Един Јашар (Баргала) – Алми Роча (Чаир) 3-0
-66 кг Кристијан Арсов (Јордан Мијлаков) –  Алпај Демиров (Баргала) 1-2
+80 кг – Стево Илиќ (Ас) Серген Демиров (Баргала) 0-3

Јуниори
-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Оран Шакировски (Пинк Пантер) 0-3 
-64 кг Христијан Тодоровски (Алексо Огненовски) – Кире Јаневски (Аперкат) 0-3
-69 кг Омер Исени (Шкупи) – Елмедин Истрефи (Чаир) 0-3 (предадена бб)
-75 кг Ристе Ристов (Пинк Пантер) – Октај Фератов (Борец) 0-2 (ТКО, Р1)
-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер)Даниел Абаз (Тернипе) 3-0

Сениори
-69 кг Љуљзим Исмалили (Чаир) – Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) 3-0
-75 кг Елвис Сулејман (Тернипе) – Алим Насуфи (Чаир) 0-2 (прекин, Р1
91 кг Димитар Јованоски (А. Огнeнoвски) – Димитар Тасевски (Ас) 2-0 (прекин, Р1)
+91 кг Синан Џеладин (Тернипе) – Ѓоко Ристески (А. Огненовски) 2-0 (прекин, Р1)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО