Златен медал за Никола Нацев, сребрен за Славче Арсов на Балкан бест фајтерс (ФОТО)

Никола Нацев (69 кг) го освои златниот медал, а Славче Арсов (74 кг) сребрениот на Меѓународниот куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.

Кикбоксерите на Гладијатор од Штип освоија вкупно три медали откако вчера Антонио Петров (57 кг) во дебитантскиот настап во кадетска конкуренција го освои бронзениот медал.

Ако учествуваше и Јована Арсова успехот ќе беше поголем, но таа беше спречена да учествува поради повреда.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО