Бушидо спирит – аутдоор експириенс – традиционален летен викенд со нов блескав концепт

Бушидо спирит – аутдоор експириенс (Bushido Spirit – Outdoor experience) традиционалниот викенд летен камп по подолга пауза, оживеа повторно и тоа во сосема нов блескав концепт. Имено овој настан ги постави новите стандарди како во организација, така и во содржина и тоа со апсолутно почитување на сите препораки пропишани повод пандемијата на КОВИД-19.

За беспрекорната акомодација виновник е Готам травел енд ивентс (Gotham travel and events) во еко изднието на Готам скаут Струга, кои со своите партнери и креативен тим се надминаа себеси во пресрет на сите побарувања на истиот.

Настанот ја има својата уникатна концепција со главен акцент на менталната хигиена, за која што се погрижи д-р Ана Чучкова – психолог и психотерапевт, давајќи го ритамот на групата, потоа еколошкатата свеност, преку моделот на циркуларна економија. Додека оброците за сите учесници беа создадени осо нулта адитиви, максимално свежи и во максимален баланс на истите, како и нивна целосна персонализација по учесник. Истите спакувани и користени во стаклена повратна амбалажа за која се погрижи Мелем ДОО Скопје. Додека креативните работилници на Јамамори  беа организирани и спроведени на овој настан исцрпувајќи ги алатките на циркуларната економија и реупотребата на постоечките материјали. Секој учесник го креираше и одпечатуваше знакот на настанот со свои материјали (реупотребени маици, торби, марами и сл.) преку посебна техника со еко текстилни бои за кои несебично се погрижи Космопринт Скопје.

Без сомнение Горјанин сенсеи се уште е солиден репер за креација и имплементација на ваквите уникатни настани, а како и самиот знае многу пати да каже: „Луѓе, ајде да создаваме убави работи… “. Но, очигледно е дека овој настан е само вовед во организацијата на Бушидо спирит – аутдоор експириенс, кој за многу скоро ќе ја доживее својата ренесанса. Неуморниот тим на Јамамори Рју веќе е подготовка за продолжение по мотото: Заедно Исправени и Силни.

Со оглед на целата состојба, ваквите настани се повеќе од добродојдени.

#Yamamori #bushidospiritxperience #bushido #karatedo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО