Бронзи за Рамадан Рамадани и Арбен Сеиди на Балканското првенство во борење

Борачите Рамадан Рамадани и Арбен Сеиди освоија бронзени медали на на Балканското првенство за пионери и кадети во Ксанти, Грција, во кадетска конкуренција.

Со овие два медала Македонија освои вкупни четири – 2 златни и 2 бронзени.

Да посетиме дека Теодор Георгиев (110 кг) и Марија Спирковска (-43 кг) станаа балкански шампиони во борење.

Георгиев во финалето славеше против репрезентативецот на Грција со 6-4 во кадетска конкуренција, а претходно го совлада претставникот на Бугарија.

Кадетката Спирковска триумфира со туш против борачка од Грција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО