Боксот и кревањето тегови во неизвесност дали ќе бидат дел од Олимпијадата во 2024 година

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах во интервјуто за весникот Л’Екип најави дека во блиска иднина ќе се донесе конечна одлука дали боксот и кревањето тегови ќе останат во програмата за Летните игри што ќе се одржат во Париз за три години.

“Загрижува фактот што тие две асоцијации имаат проблеми со лошо раководење и токму поради тоа се под постојан мониторинг. Ги следиме сите активности и обиди тој впечаток да се смени и наскоро треба да донесеме конечна одлука која ќе биде пред се во интерес на спортистите”, изјави Бах.

Поради проблемите со раководството на Светската боксерска федерација, турнирот на последните Олимписки игри во Токио беше организиран од страна ИОК, а дополнителен проблем за АИБА е и фактот што во моментов се води истрага за можно лажирање на неколку мечеви во Рио пред шест години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО