Теодор Георгиев и Марија Спирковска се балкански шампиони во борење (ФОТО)

Теодор Георгиев (110 кг) и Марија Спирковска (-43 кг) станаа балкански шампиони во борење.

Георгиев во финалето на Балканското првенство за пионери и кадети во Ксанти, Грција, славеше против репрезентативецот на Грција со 6-4 во кадетска конкуренција, а претходно го совлада претставникот на Бугарија.

Кадетката Спирковска триумфира со туш против борачка од Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО